Connect with us

Саутгејт: Не можеме на секој меч да даваме седум гола

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, не беше премногу загрижен по ремито 1-1 со Украина во петтото коло од европските квалификации во групата Ц. Ова реми ја прекина победничката серија на „трите лава“, кои претходно забележаа прилично импресивни резултати како победата од 7-0 над Македонија и победата од 4-0 над Малта.


Саутгејт изјави дека е невозможно да се остварат такви резултати на секој натпревар.

„Не можеме да победуваме на секој натпревар со 4 или со 7 гола разлика како порано. Тоа беше добар тест – игравме на гости, атмосферата беше жешка, моравме да направиме многу промени во однос на минатиот натпревар. Значи, не е различен пристапот кон играта. Се обидовме со различни работи, се обидовме да му направиме проблеми на противникот, но можеби ударот на Букајо Сака кој ја погоди стативата не беше доволно прецизен“, изјави Саутгејт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови