Connect with us

Саутгејт ќе го напушти кормилото на Англија?

Фудбалската репрезентација на Англија вечерва има можност да направи голем чекор кон Светското првенство, кое ќе се одржи во Катар 2022 година, доколку оствари победа против Полска во Варшава. Селекцијата на Герет Саутгејт тогаш би имала голема предност од 8 бода пред Полска.


Сепак, не е тоа прашањето што најмногу ги мачи медиумите на Островот. Тие најавуваат можно заминување на селекторот Саутгејт од клупата на гордиот Албион.


Договорот на Саутгејт со Фудбалската асоцијација на Англија истекува во ноември, а тој се двоуми околу враќањето во клупскиот фудбал.

ФА на Англија е подготвен да му понуди нов договор на Саутгејт, во желба тој да ја предводи репрезентацијата и на Светското првенство, па целата одлука е на актуелниот селектор на Англичаните.

Герет Саутгејт ја презеде англиската репрезентација во ноември 2016 година и постигна значајни резултати. Тој ги доведе островјаните до финалето на Европското првенство летово, а во 2018 година на Светското првенство во Русија, Англичаните беа елиминирани од Хрватска во полуфиналето.

Со оглед дека Герет Саутгејт го имаше последниот клупски ангажман пред 12 години, кога седеше на клупата на Мидлсборо, можно е англискиот стратег повторно да сака да се натпреварува во некоја од најквалитетните европски лиги.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови