Манчестер Јунајтед експлодираше по поразот од Шефилд Јунајтед (1-2) и ремито без голови со Арсенал и до врв ја наполни мрежата на Саутемптон победувајќи на „Олд Трафорд“ со 9-0. Избраниците на Оле Гунар Солскјер беа неверојатни, можеа и до двоцифрен резултат.
Во втората минута Саутемптон остана со играч помалку поради исклучувањето на Александр Јанкевиц, а во финишот поцрвене и Јан Беднарек. Серијата голови за Јунајтед ја отвори Ван Бисака, потоа погоди Рашворд, а Беднарек си постигна автогол. Кавани четврти пати ја погоди мрежата на Саутемптон во првото полувреме.
Во вториот дел уште пет гола за „ѓаволите“. Марсијал беше двоен стрелец, погодија и Скот Мектоминај, Бруно Фернандеш од пенал и Даниел Џејмс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













