
Шефот на Саудиската Про лига, Омар Мугарбел, изрази уверување дека бразилскиот фудбалер од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ќе се приклучи на некој од клубовите во Саудиска Арабија.
Во изјава за „Марка“, Мугарбел рече дека е само прашање на време кога ќе започнат преговорите за негов трансфер.
„Ние не сонуваме, тоа е прашање на време“, истакна тој.
Саудијците минатиот ноември му понудија на Винисиус неверојатни пет милијарди евра.
Доколку се реализира овој договор, Винисиус Жуниор би станал најплатениот фудбалер во историјата. Во моментов, највисоката плата ја има Кристијано Роналдо (39), кој во Ал-Наср заработува 263 милиони евра годишно.
Според „ФутМеркато“, Винисиус би потпишал петгодишен договор вреден милијарда евра по сезона, што е невиден износ во светот на фудбалот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!
