Шокантната победа на Саудиска Арабија над Аргентина од 2-1 е историска по многу нешта. Избраниците на Ерве Ренар успеаја да срушат две многу негативни традиции и да ја забележат првата победа на дебито на Светското првенство, како и да станат првиот тим од Азија кој постигнал повеќе од еден гол против Аргентина.
Досега Саудиска Арабија нема славено на отварање на Светското првенство. Притоа, Саудијците двапати беа поразени – во 2002 година од Германија со 0-8, како и на претходниот Мундијал во 2018 година, кога беа поразени од домаќинот Русија со 0-5.
Саудиска Арабија, исто така, загуби од Холандија со 1-2 на Светското првенство во САД во 1994 година, како и од Данска со 0-1 на Светското првенство во Франција 1998 година.
Всушност, единствениот „позитивен“ воведен натпревар на Саудијците до денес беше на Светското првенство во Германија во 2006 година, кога репрезентацијата ремизираше 2-2 со Тунис.
🇸🇦Saudi Arabia have now won their 1st ever opening game at the FIFA World Cup after 6 games,1 draw & 4 losses.
— FIFA World Cup Stats (@alimo_philip) November 22, 2022
👊This is their 4th #FIFAWorldCup win in history;
🏟️USA 1994
🇸🇦2–1🇲🇦
🇸🇦1–0🇧🇪
🏟️Russia 2018
🇸🇦2–1🇪🇬
🏟️Qatar 2022
🇸🇦2–1🇦🇷#SaudiArabia|#Argentina|#Qatar2022 pic.twitter.com/d8MNOVnYUZ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal