
Ѕвездата на Грузија, Квича Кварацкелија ќе треба да се истакне со некои “волшебни настапи” за дебитантите на ЕВРО 2024, ако сака да го исполни својот сон за трансфер во голем клуб во Европа, истакна селекторот Вили Сањол.
Шпекулациите за трансфер не престануваат околу името на креативецот на Наполи, откако неговиот татко рече дека би сакал да замине од Неапол. Италијанците, кои ја освоија Серија А со Грузијецот пред две сезони, тврдат дека тој има важечки договор.
„Ако одигра добро на Европското првенство, неговата иднина може да биде уште подобра. Ако бев на негово место, ќе се концентрирав на она што правам на теренот,” рече поранешниот француски одбранбен играч Вили Сањол кој сега ја предводи селекцијата на Грузија.
Селекторот има желба да започне вистинскиот фудбал по месеци на возбудливо очекување за Грузија за првото нивно учество на големиот турнир.
„Очекувањето треба да заврши во одреден момент и треба да се концентрираме на фудбалот. Зборуваме за тоа од почетокот на кампот. Сега играчите се подготвени да учествуваат на Европското првенство и можам да кажам дека се дисциплинирани и психички подготвени,” додаде тој.
Грузија ќе дебитира на ЕВРО 2024 на денешниот меч против Турција од 18 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
