Италијанскиот првак Милан ќе се соочи со Аталанта во неделa во вечерниот термин во натпревар од второто коло на италијанскиот шампионат. Тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли, се уште размислува за составот со кој ќе игра од првата минута во Бергамо, но по добрите вести што ги доби во последните неколку часа од медицинскиот штаб на тимот, се чини дека веќе е подготвено едно место во средниот ред.
Како што пренесува „Тутоспорт“, еден од главните играчи на Милан, Сандро Тонали, е целосно закрепнат и 99% ќе стартува од првата минута против тимот од Бергамо.
Милан го стартуваше шампионатот со убедлива победа од 4-2 против Удинезе на „Сан Сиро“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













