Џејдон Санчо е неизвесен за дуелот на Борусија Дортмунд против Хајденхајм в петок во Бундес-лигата. Англискиот интернационалец има мускулен проблем, откри тренерот на „жолто-црните“ Един Терзиќ.
„Санчо не тренира со тимот во последните два дена поради проблем со мускулот. Ова не е изненадувачки по долгиот период во кој не играше. Нема да ризикуваме. Ќе почекаме да видиме како ќе се чувствува пред мечот против Хајденхајм“, изјави Терзиќ.
Крилниот напаѓач се врати во Борусија Дортмунд на позајмица од Манчестер Јунајтед на почетокот на јануари. Санчо мина четири години на „Олд Трафорд“, но не можеше да се наметне во составот на „црвените ѓаволи“.
За претстојната средба неизвесни се и Џулијан Брант, Марко Ројс и голманот Грегор Кобел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













