Connect with us

Сампдорија има доверба во Дејан Станковиќ

Српскиот тренер Дејан Станковиќ нема да добие отказ од Сампдорија, откри директорот нa клубот, и покрај тоа што не ги подобрил резултатите на тимот.


Помина еден месец откако Станковиќ седна на клупата на Сампдорија, но не успеа значително да ја промени ситуацијата и клубот се плаши од испаѓање во Серија Б.

По поразот од Лече во саботата, навивачите на стадионот „Мараси“ одржаа состанок со играчите, покажувајќи дека ситуацијата воопшто не е безопасна.

Прв на удар беше Дејан Станковиќ, кој поради суспензијата го следеше натпреварот од трибините и кој се очекуваше да добие отказ. Сепак, според директорката на клубот Даниеле Фаџано, работата на Станковиќ барем засега не е во опасност.

„Дејан имаше други опции, тој не избра нас и ја заслужува сета поддршка. Ќе работиме на засилувања во јануари“, изјави Фаџано.

Се очекува Сампдорија да го засили тимот за најмалку двајца или тројца играчи. Самп моментно е претпоследен на табелата со само шест бода и една победа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови