Вардар ја оствари четвртата победа во новата сезона совладувајќи го Борец со 0-2 во Велес, во премиерниот меч од 12.коло во Првата фудбалска лига. Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски беа стрелци на головите за вардарци на овој меч.
Попзлатанов го отвори резултатот во 80.минута, а Цветамоски го потврди триумфот во судиското продолжение. Со оваа победа „црвено-црните“ на најубав можен начин му го честитаа 41. роденден на тренерот Александар Васоски и со 16 освоени бода сега се искачува кон горниот дел од табелата.
Борец имаше повеќе од играта во првиот дел, беше поопасен кон голот на Филип Илиќ, избраниците на Горазд Михајлов немаа и среќа, ја погодија рамката од голот на Вардар – Марјан Ристовски од слободен удар во 63.минута, но најтрофејниот клуб ги дочека своите моменти во финишот и со головите на Попзлатанов и на Цветаноски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













