Вардар доаѓа во Тетово во обид да ја елиминира Шкендија и во Купот на Македонија. Во првенството обезбеди значајна бодовна предност, но денеска е нокаут-меч, само еден ќе „преживее“ во Купот, а по првиот меч во Скопје резултатот е 2-2.
Во составот на Шкендија неизвесен е Егзон Бејтулаи, а вардарци ќе допатуваат во Тетово со победнички ритам.
За Работнички исто така Купот е можност за рехабилитација. „Романтучарите“ имаат 1-1 по првиот дуел против Пелистер во Битола и сакаат пласман во четвртфиналето.
„Работиме напорно и се надеваме дека брзо ќе излеземе од кризата. Ги анализираме грешките, се обидуваме да излеземе подобри и единствено мерило сепак се резултатите. Верувам дека тимот ќе одговори позитивно и ќе го покаже квалитетот на утрешниот куп-натпревар против Пелистер. Наша цел е пласман во следната рунда од ова натпреварување“, вели тренерот на „романтичарите“, Марјанчо Андрески.
Интересно ќе биде и во Кратово, меѓу Силекс и Шкупи, и во Струга каде домаќинот го пречекува Борец. И на двата дуел се почнува од нула во обидот за пласман во четвртфиналето.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (реванш натпревари, 13:30 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА (0-1)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (2-2)
Охрид: ОХРИД – ЛАБУНИШТА (0-2)
Кочани: ОСОГОВО – АК. ПАНДЕВ (0-3)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1-1)
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ (0-0)
Струга: СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ (0-0)
УТРЕ
Тетово: РЕНОВА – ТИКВЕШ (2-0)
* Во заградите се резултатите од првите натпревари
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal