Поранешниот француски репрезентативец Самир Насри е во преговори за преселба во Италија и би можел да го засили калчолигашот Милан. Играчот за врска веќе неколку месеци е без клуб, а последниот ангажман го имаше во Андерлехт.
На „Сан Сиро“ гледаат во Насри како квалитетна замена за Хакан Чалханоглу, а Стефано Пиоли треба да има широк ростер доколку сака да одолее во трката за шампионската титула. Паоло Малдини веќе го контактирал Самир Насри и тој би можел до крајот на преодниот рок да го облече дресот на Милан.
33-годишниот Насри кариерата ја почна во Олимпик Марсеј, а остави одличен впечаток во Арсенал и во Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













