Connect with us

Салах потпиша нов договор со Ливерпул

Неизвесноста дали Мохамед Салах ќе остане на “Енфилд” веќе ја нема. Египќанецот потпиша нов повеќегодишен договор, потврди клубот.

“Чест ни е да потврдиме дека Мохамед Салах потпиша нов повеќегодишен договор со клубот”, објави Ливерпул.

Според новиот договор, иако тоа не е јавно обелоденето, Салах треба да заработува 350.000 фунти неделно.

Салах и раководството на Ливерпул долго преговараа за нов договор, а Египќанецот влегуваше во последната година од актуелната соработка. Се јавија сомнежи дека можеби и ќе си замине следното лето како слободен агент, а можеше да биде и продаден.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови