
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, беше клучната фигура во победата против Лестер со 3-1. Салах постигна еден од головите, со што стигна до бројката од 16 погодоци во Премиер – лигата од почетокот на сезоната, а тимот останува лидер на табелата.
„Постигнавме добар резултат против ривал кој го направи натпреварот тежок за нас. Израмнувачкиот гол на Коди Гакпо ни даде самодоверба, а во второто полувреме успеавме да стигнеме до победа. Останавме фокусирани, а Коди постигна прекрасен гол. Тој често испробува такви удари на тренинзите“, изјави Салах.
Египетскиот напаѓач сега има 100 голови во Премиер лигата на „Енфилд“, што претставува значаен личен успех.
„Ова е постигнување на кое сум многу горд. Продолжуваме напорно да работиме и се надевам дека ќе постигнам уште многу голови“, додаде Салах.
„Најважно е тимот да победува. Треба да продолжиме со истиот дух како досега и да останеме скромни. Оваа сезона е посебна и верувам дека на крајот ќе се радуваме на титулата“, заклучи ѕвездата на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ливерпул е фаворит за потписот на Милош Керкез

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер

Евро-фудбал
Ница прва го победи ПСЖ во Франција оваа сезона
