Мохамед Салах планира да си замине од Ливерпул со слободен трансфер следното лето. 30-годишниот напаѓач има договор до 2023 година и се уште не може да се договори со шефовите на „црвените“ за негово обновување.
Причината е што Салах сака да зема плата од 400.000 фунти неделно, но клубот не сака да ја уништи нивната финансиска хиерархија и затоа во моментов разговорите се во прекин.
Репрезентативецот на „фараоните“ сака да стане најскапиот фудбалер во тимот, но исто така и да го врати приматот на најскап африкански фудбалер кој во моментот му припаѓа на Садио Мане по неговиот трансфер во Баерн Минхен.
Салах имаше импресивни настапи за Ливерпул минатата сезона, постигнувајќи 31 гол и 16 асистенции на 51 натпревар во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













