Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, и понатаму е неизвесен за настап на натпреварот против Арсенал в среда. Крилниот напаѓач заработи повреда на мечот против Брајтон кога беше заменет во средината на вториот дел.
Салах го пропушти вчерашниот тренинг на тимот, а очекувањата на менаџерот Јирген Клоп се дека денеска би можел да се приклучи со тимот. Сепак, неизвесно е дали и колку би бил подготвен за настап против „топчиите“.
Џејмс Милнер и Костас Цимикас исто така се соочуваат со проблеми, но тие нема да донесат толку големи главоболки за Клоп како евентуалното отсуство на Салах.
Ливерпул е во негатива од четири бода зад Манчестер Сити, откако „граѓаните“ синоќа ремизираа без голови против Кристал Палас.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski