Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој го постигна првиот гол во триумфот над Евертон од 2-0, откри за што разговарале во соблекувалната пред дербито на Мерсисајд.
Играчите се обединети дека треба да уживаат во својот фудбал за да наликуваат на „стариот“ Ливерпул кој постигна толку многу во последните шест години.
„Ова е голема, огромна победа за нас. Едвај чекавме да дојде овој натпревар и да ги промени работите. Се надеваме дека ова е само почеток. Имавме малку среќа, но среќата доаѓа кога работите напорно. Нашите капитени Хендерсон и Милнер разговараа со нас минатата недела. Тие ни рекоа „момци, мора да уживаме во нашиот фудбал. Заедно сме шест години и имаме нови играчи кои се добри, така што нема логика да играме како што почнавме”. Мислам дека успеавме да одиграме добро, како стариот Ливерпул“, изјави Салах.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













