Мохамед Салах повторно се покажа како херој за Ливерпул, откако постигна два гола за пресвртот против Саутемптон. „Црвените“ славеа со 2-3 на гостувањето кај „светците“ и така ја зголемија предноста на осум бода на врвот на Премиер – лигата.
Египетската ѕвезда продолжува да биде со неизвесна иднина, бидејќи неговиот договор, исто како и оние на Ван Дајк и на Трент Александар-Арнолд, истекува на крајот од сезоната. Салах ја коментираше својата иднина, сензационално откривајќи дека веројатно ќе го напушти тимот, бидејќи сè уште нема понуди за нов договор.
„Речиси е декември, а сè уште немам добиено никакви понуди да останам во клубот. Повеќе сум надвор, отколку внатре.“.
„Знаете дека сум во клубот многу години. Нема друг ваков клуб, но на крајот, не е сè во мои раце. Ги сакам навивачите, а и тие ме сакаат мене. Да почекаме и да видиме“, додаде 32-годишната ѕвезда на Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













