Ако им се верува на речиси сите медиуми во Саудиска Арабија, Мохамед Салах ќе стане нов играч на Ал-Итихад. Тие пренесуваат дека саудискиот клуб му испратил на Ливерпул понуда од нереални 175.000.000 евра за Египќанецот кој има 31 година.
Салах е најдобриот играч на тимот од „Енфилд“, но ваквите понуди тешко се одбиваат.
Салах нема ништо против да замине, бидејќи во својот нов клуб би имал месечна плата од околу 19.000.000 евра колку што е неговата годишна плата во Ливерпул.
Саудијците пишуваат дека Египќанецот треба да пристигне во Џеда со приватен авион, но останува да се види што ќе каже Јирген Клоп, кој не сакаше да се откаже од главниот играч на тимот.
Ал-Итихад е актуелен шампион на Саудиска Арабија, а за него играат Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо, кој до неодамна беше соиграч на Салах во Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













