Connect with us

Садио Мане потпиша за Ал-Наср

Садио Мане стана нов играч на Ал-Наср, саудискиот клуб во кој играат Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ. Откако Баерн ја прифати понудата на Ал-Наср за отштета од 40 милиони евра, Сенегалецот замина во Арабија. Таму ги мина лекарските прегледи и потпиша тригодишен договор вреден 40 милиони евра по сезона.


Ал-Наср продолжува да создава ол-стар тим. Откако претходно таму заминаа Роналдо и Талиска, летово им се придружија Брозовиќ, но и капитенот на Ленс, Секо Фофана, и Алекс Телес, левиот бек на Манчестер Јунајтед.

Мане дојде во Баерн минатото лето за сума од 32 милиони евра од Ливерпул, каде за шест години стана легенда и освои сѐ. Но, во Баерн беше прогласен за едно од најголемите промашувања досега. Напаѓачот статистички сепак имаше солидна сезона, со 38 настапи, 12 гола и шест асистенции.

Тој беше отпуштен по инцидентот со соиграчот Лирој Сане. По поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите, тие имаа расправија на теренот, а потоа Мане го удри Сане во соблекувалната, поради што клубот го суспендираше.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови