Марсел Забицер од Баерн Минхен пристигна во Манчестер Јунајтед на шестмесечна позајмица. Тој треба да биде замена за повредениот Кристијан Ериксен.
„Понекогаш во животот треба брзо да донесувате важни одлуки. Од моментот кога дознав за оваа можност, знаев дека тоа е вистинскиот избор. Јас сум конкурентен, сакам да победувам и се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги постигне своите цели. Јас сум на врвот на кариерата и можам да додадам многу искуство и енергија. Едвај чекам да ги запознам моите нови соиграчи и менаџерот, како и да им ги покажам моите квалитети на навивачите на Манчестер Јунајтед“, изјави Сабицер.
Хаким Зијеч замина во ПСЖ на потпис на договор со ПСЖ, но трансферот не се реализира. Од ПСЖ се бесни затоа што Челси трипати испражал погрешни документи, по што рокот за регистрација беше испуштен.
Во текот на денот ПСЖ најави дека ќе поднесе жалба, па можеби и ќе биде дозволена регистрација за Мароканецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













