Португалскиот гигант Бенфика го постави легендарниот фудбалер Руи Коста за нов претседател на клубот. По заминувањето на Луис Филипе Виеира, кој од 2003 година беше на чело на клубот, а е приведен поради основано сомнение за перење пари, раководството на Бенфика на итна седница му ја довери претседателската улога на Руи Коста.
„Руи Коста ја доби довербата за прв човек на клубот по итното гласање на оваа точка. Веруваме дека тој е најдоброто решение во моментот“, соопштија од клубот.
Руи Коста долг период е дел од клубот и ќе се обиде да ја задржи Бенфика на самиот врв на португалскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













