Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, продолжи со тренинзите заедно со своите соиграчи, откако заработи повреда за време на победата на „кралевите“ против Хетафе на 1 февруари.
Ова е одлична вест за Карло Анчелоти, кој наскоро повторно ќе може да се потпре на германскиот дефанзивец.
Рудигер ги пропушти последните четири натпревари на Реал Мадрид, против Атлетико Мадрид, Џирона, Лајпциг и против Рајо Валјекано.
Поради отсуството на Рудигер, Начо Фернандез беше единствениот централен дефанзивец во тимот на Карло Анчелоти.
Давид Алаба и Едер Милитао се надвор од терените со долготрајни повреди, принудувајќи да ги користат Дани Карвахал и Аурелиен Чуамени во последната линија во одбраната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













