Ханси Флик веќе не е селектор на Германија, објави Фудбалската федерација на германија својата интернет страница. Заминуваат и неговите помошници Маркус Сорг и Дени Рол. Флик ја презеде Германија во август 2021 година по долгорочниот мандат на Јоаким Лев. Неговото разрешување го иницираше претседателот Бернд Нојендорф.
Ја водеше Германија на 25 натпревари и забележа 12 победи, седум ремија и шест порази, со гол разлика 60-30. Тој ја водеше Германија и на Светското првенство и беше елиминиран во групната фаза. Синоќа загуби од Јапонија со 1-4 во пријателски меч во Волфсбург и тој меч беше решавачки за неговиот отказ.
„На германската репрезентација и треба освежување по неодамнешните слаби резултати. Додека одиме кон Европското првенство следното лето, потребна ни е доверба и оптимизам во нашиот национален тим. Ова беше една од најтешките одлуки што морав да ја донесам, навистина го почитувам Ханси Фрли на професионално и лично ниво. Но резултатите се уште се најважни за нашата асоцијација“, рече Нојендорф.
Репрезентацијата ќе ја преземат Руди Фелер и неговите помошници Ханес Волф и Сандро Вагнер на натпреварот против Франција во Дортмунд во вторник. Германската федерација соопшти дека ќе ја објави замената на Флик што е можно поскоро.
Руди Фелер е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на германската репрезентација. Како играч, тој ја предводеше Германија до златото на Светското првенство во 1990 година. Зад себе има и успешна тренерска кариера во која, меѓу другото, ја одведе германската репрезентација до финалето на Светското првенство во 2002 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













