Connect with us

Руд ван Нистелрој замина од ПСВ Ајндховен на коло пред крајот во Холандија

Руд ван Нистелрој одлучи да го напушти ПСВ Ајндховен. Иако го освои Купот и Суперкупот на Холандија и има големи шанси од второто место да стигне до Лигата на шампионите, Ван Нистелрој ја напушти клупата на клубот од Ајндховен.


Еден бод во последното коло му беше доволен на ПСВ да обезбеди второ место и пласман во Лигата на шампионите, но тоа не беше доволно за Ван Нистелрој да остане.

Наводно, некои членови на тимот се пожалиле на неговиот начин на работа и раководење со тимот и легендарниот Холанѓанец решил да го напушти клубот.

Интересно, ова е само прва сезона за Ван Нистелрој и се чини дека беше повеќе од успешна.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови