Поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, пред неполна недела јавно поднесе оставка при посетата кај Пирс Морган.
Рубиалес веќе три недели е под притисок на јавноста откако пред камерите ја бакна во уста шпанската фудбалерка Џенифер Хермосо за време на церемонијата на доделување златен медал по финалето на Светското првенство за жени.
Тој се појави на суд овој петок и ги отфрли обвиненијата за сексуален напад што Хермосо ги покрена против него поради бакнежот без согласност. Обвинителот побара забрана од Рубиалес да се приближи на фудбалерката поблиску од 500 метри, што судијата ја прифати.
Државниот обвинител го обвини за сексуална злоупотреба и чин на принуда во која ја притиснал да зборува во негова одбрана по избивањето на скандалот. По првичната истрага, судијата мора да одлучи дали ќе започне судење.
Доколку биде прогласен за виновен, според шпанскиот закон, Рубиалес се соочува со парична казна или до четири години затвор. Поранешниот претседател сѐ уште останува на ставот дека бакнежот бил консензуален.
„Она што го имавме беше спонтан, заеднички бакнеж на кој се согласивме и двајцата, воден од моменталните емоции. Бакнежот беше сто отсто несексуален“, изјави тој во интервју за Пирс Морган на британската телевизија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













