
Претседателот на Комитетот за судии на УЕФА, Роберто Росети, зборуваше за спорниот момент при досудениот пенал за Рахим Стерлинг во полуфиналето на ЕВРО 2020 меѓу Англија и Данска.
„Можеме да разговараме за овој момент затоа што сме апсолутно отворени. Но, пеналот беше досуден правилно. Судијата го виде контактот, а системот на видео асистент на судијата само ја потврди неговата одлука. Дефанзивецот на Данска не ја допре топката, но имаше чист контакт со напаѓачот“, истакна Росети.
Натпреварот помеѓу Англија и Данска го судеше судиска четворка предводена од Дани Макели. Англија со голот од пенал по продолженија славеше со 2-1 и се пласира во финалето на ЕВРО 2020.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
