
Кристијано Роналдо (37) се најде во центарот на вниманието на светските медиуми по интервјуто за Пирс Морган во кое многу зборуваше за Манчестер Јунајтед, но и за поранешните соиграчи од овој тим.
Кристијано Роналдо е човек за кој се зборува последните денови. Причината е интервјуто кое го даде за Пирс Морган во кое ги прозва Манчестер Јунајтед и поранешните соиграчи.
Затоа новинарите на Мундијалот имаа многу прашања до Роналдо пред почетокот на Мундијалот, а CR7 не сакаше премногу тоа да го мачи.
Решил да стави крај на она што се случува. Рече дека ќе зборува кога сака и што сака.
„Понекогаш ја пишуваш вистината, понекогаш лажеш. Не ми е гајле што мислат другите. Зборувам кога сакам, и сите многу добро знаат кој сум и во што верувам. Ме познаваат овде од мојата 11 година и нема да бидат под влијание на она што луѓето го зборуваат и пишуваат за мене“, изјави Роналдо.
Потоа се посвети на ситуацијата во репрезентацијата пред првиот меч на Светското првенство. Тој бара луѓето повеќе да не зборуваат за него туку за тимот.
„Атмосферата е одлична, немаме никакви проблеми и сите сме целосно фокусирани. Можете да помогнете ако престанете да зборувате за мене. Јас сум отпорен на куршуми и направен од челик“.
Кристијано не застана тука, туку продолжи да зборува за тоа што се случува во јавноста.
„Ако ги прашате другите играчи за Кристијано Роналдо, тоа ќе ми пречи“, дополни португалската ѕвезда.
Репрезентацијата на Португалија на Мундијалот е сместена во групата Х, а за противници ги има Гана, Уругвај и Јужна Кореја.
Натпреварите во Катар ќе се играат токму по овој редослед. Првиот натпревар ќе го одиграат во четврток на 24 ноември против Гана, а потоа следуваат дуелите против Уругвај (28 ноември) и против Јужна Кореја (2 декември).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
