Оваа сезона се помалку го гледаме Кристијано Роналдо во стартниот состав на Манчестер Јунајтед. 37-годишниот фудбалер не е во најдобри односи со Тен Хаг, се сеќаваме како се „експлодираше“ на дуелот со Тотенхем кога Португалецот пред истекот на времето го напушти „Олд Трафорд“.
Неговото интервју со Пирс Морган кое беше емитувано синоќа, откри дека Кристијано Роналдо се чувствува предаден од Манчестер Јунјатед и истакна дека воопшто не го почитува менаџерот Ерик тен Хаг, затоа што и тој нема респект кон него и неговата кариера.
Морган: „Тие се обидуваат да ве натераат да го напуштите клубот?
Роналдо: „Да. Не само тренерот, туку уште двајца или тројца кои се во клубот.“
Морган: „Кои се на високо извршно ниво?
Роналдо: „Да, се чувствував предаден.“
Морган: Мислиш дека се обидуваат да се ослободат од тебе?
Роналдо: “Искрено, не треба да го кажам ова, не знам. Слушај, не ми е гајле, луѓето треба да ја слушнат вистината. Да, се чувствувам изневерен и предаден. Чувствувам дека некои луѓе не ме сакаат тука, не само оваа, туку и минатата година“.
По ваквите изјави, јасно е дека Роналдо уште повеќе ќе ги залади односите со Тен Хаг, но и со самиот клуб. Јунајтед ќе има полни раце работа за време на паузата од Светското првенство.
"I feel betrayed."
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) November 13, 2022
EXCLUSIVE: Cristiano Ronaldo tells Piers Morgan he feels like he's being forced out of Manchester United in an explosive interview.
90 Minutes with Ronaldo. Wednesday and Thursday at 8pm on TalkTV.@cristiano | @piersmorgan | @TalkTV | #PMU pic.twitter.com/nqp4mcXHB0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal