Connect with us

Роналдо: Секогаш сум имал максимална почит за Меси, така е и сега

Кристијано Роналдо дојде на „Камп Ноу“, постигна два гола, а неговиот Јувентус ја декласира Барселона со 0-3. Лионел Меси беше тивок на теренот, не успеа да го совлада Џанлуиџи Буфон, но на крајот од мечот не изостана поздравот и честитките за Роналдо. 

Ова само докажува дека двете најголеми фудбалски ѕвезди имаат максимален респект еден за друг. 

„Секогаш сум имал посебен, специјален однос со Меси. Никогаш не сум го гледал како ривал и сум се чувствувал пријатно во негово друштво. И сега имам максимален респект, Барса е во тежок период, но секоаш е Барса. Тоа е одличен тим и голем клуб“, изјави Кристијано Роналдо. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови