Connect with us

Роналдо се враќа во Премиер – лигата, и тоа во синиот дел од Манчестер: „Граѓаните“ му нудат „дил“ до 2023

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо е следната желба на Пеп Гвардиола откако Хари Кејн и дефинитивно отпадна од комбинација за ангажман до крајот на летниот преоден рок.

Суперагентот Жорге Мендеш пред три дена го понуди Роналдо на Манчестер Сити и во тој момент тоа и не изгледаше така реална опција. Но, сега, со оглед дека Гвардиола и нема многу простор за маневар, многу изгледно е да се случи сензационален трансфер. Роналдо да се врати во Премиер – лигата, но во синиот дел од Манчестер.

Според извори од Островот, „граѓаните“ му понудиле договор на Кристијано Роналдо до 2023 година. Тој сака да го напушти Јувентус и има помалку од една седмица за реализација на овој трансфер.

Од трансферот би можел да профитира и Јувентус. Манчестер Сити е подготвен да ги пушти во Торино двајцата фудбалери кои се пред заминување, Бернардо Силва и Ејмерик Лапорт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови