Connect with us

Роналдо: Сѐ поблиску сме до Мундијалот

Португалија одигра нерешено 2-2 против Унгарија и го одложи пласманот на Светското првенство. Натпреварот можеше да заврши со славје за „морепловците“, но заврши со разочарување поради израмнувачкиот гол на Доминик Шобошлаи во 91.минута.


Сепак, капитенот на домаќините и автор на двата гола за Португалија, Кристијано Роналдо, во својата прва реакција по натпреварот избра да истакне дека неговиот тим е сè поблиску до учество на Светското првенство.

„Сè поблиску сме до нашата цел! Ајде, Португалија!“, напиша Кристијано Роналдо.

Откако ја пропушти оваа можност, Португалија може да го прослави пласманот на СП 2026 на следниот натпревар против Република Ирска, закажан за 13 ноември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови