Промашениот пенал на Кристијано Роналдо се покажа како фатален за Ал-Наср, кој е елиминиран во осминафиналето на Кралскиот куп во Саудиска Арабија. Португалецот шутираше над голот од белата точка во судиското продолжение, а неговиот тим загуби со 0-1 од Ал-Тавон.
You know Ronaldo is finished when he can't even score a penaltypic.twitter.com/4i1D9y3Pa9
— Troll Football (@TrollFootball) October 29, 2024
Ова е второ последователно разочарување за Ал-Наср, по ремито 3-3 против Ал-Холуд во првенството пред неколку дена. На тој натпревар Роналдо не настапи.
Вечерва тимот на Стефано Пиоли беше апсолутен фаворит, но повторно не успеа да победи. Во второто полувреме влегоа Садио Мане и Отавио, но ни тие не помогнаа.
Голот за гостите го постигна Флавио во 71. минута. На самиот крај на натпреварот, Роналдо имаше шанса да израмни од пенал, но неговиот удар беше непрецизен.
Ал-Хилал немаше проблеми против Ал-Таи и победи со 4-1. Во следната рунда се пласираа и Ал-Раид и Ал-Фајха.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski