Кристијано Роналдо му соопштил на раководството на Ал-Наср дека има намера да ја заврши кариерата во редовите на овој клуб. Тој е под договор до 30 јуни 2025 година и тоа би можело да биде датумот кога ќе заврши една од најголемите кариери досега, иако постои можност таа да трае уште подолго.
Роналдо и по одличната партија и двата гола против Ал Ахли испрати силна порака до сите во светот на фудбалот.
„Сакам да постигнувам голови и да победувам. Сакам да го правам ова додека нозете не ми кажат дека е доста. Велат дека Роналдо е готов, но јас продолжувам да им докажувам дека грешат. Уживам во фудбалот и најважно е тимот да победи “, изјави Португалецот.
Тој истакна дека е среќен во Саудиска Арабија и не згрешил што дошол.
„Оваа земја е прекрасна и среќен сум што сум меѓу овие големи луѓе. Фудбалот оди кон врвот, лигата е сѐ подобра и подобра. Саудијците го заслужуваат само најдоброто бидејќи се неверојатни луѓе”, порача Кристијано Роналдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













