Големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, денеска нема да се појави на почетокот на претсезонските тренинзи, изненадувачки објавија англиските медиуми. „Црвените ѓаволи“ почнаа да тренираат под водство на новиот менаџер Ерик тен Хаг минатата недела, но денеска требаше да се приклучат сите играчи кои беа дел од нивните национални тимови за натпреварите после сезоната. Португалецот наведе семејни причини за неговото отсуство, кои беа почитувани од клупското раководство.
Оваа вест доаѓа како потврда на гласините кои се појавија во последните денови дека тој побарал од раководството да биде продаден доколку дојде соодветна понуда.
Роналдо сака да игра во Лигата на шампионите, а Манчестер Јунајтед тоа не може да му го овозможи во претстојната сезона.
В петок „црвените ѓаволи“ треба да заминат на претсезонска турнеја, а на 12 јули е нивната прва контрола летово против Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













