Фудбалерите на Манчестер Јунајтед претрпеа пораз во дербито на гостувањето кај Арсенал со 3-1, во 34. коло од Премиер лигата и ја загубија шансата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо на почетокот на вториот дел одби да изведе пенал, па Бруно Фернандеш тоа го направи неуспешно.
Актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, откри што му кажал Португалецот за тој момент.
„Го прашав Роналдо по натпреварот зошто не го изведе пеналот и зошто му го препушти на Бруно. Ми кажа дека едноставно немал добро чувство и сметал дека е подобро некој од соиграчите да ја изведе најстрогата казна. За жал, Бруно Фернандеш не беше прецизен“, изјави тренерот на Јунајтед.
Пред тоа Роналдо веќе постигна гол, единствен за неговиот тим на овој дуел, кој беше негов јубилеен – 100. гол во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













