
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, верува дека лигата на Саудиска Арабија наскоро ќе се најде меѓу петте најсилни во светот.
Португалецот од минатата година настапува за Ал-Наср, а во последно време се повеќе фудбалски ѕвезди се селат во Саудиска Арабија поради неверојатните финансиски услови. Со недели се шпекулира за доаѓањето на Лео Меси во Ал-Хилал за неверојатни 300 милиони евра годишно.
„Саудиската лига станува посилна, следната година ќе биде уште подобро. Чекор по чекор ќе стане една од најдобрите пет лиги во светот. Но, потребно е време, играчи, инфраструктура. Сепак, верувам дека оваа земја има неверојатен потенцијал, неверојатни луѓе. Лигата ќе биде одлична“, изјави Роналдо по победата против Ал Шабаб.
Ал-Наср вчера славеше со 3-2 под водство на Роналдо и со тоа заостанува три бода зад најголемиот ривал Ал-Итихад.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
