Connect with us

Роналдо има нова прослава на головите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа на гостински терен го победија Евертон со 1-2, а херој на натпреварот беше Кристијано Роналдо. Португалецот конечно доби шанса да игра нешто повеќе од очекуваното во Премиер-лигата, откако Ерик тен Хаг го внесе во игра по само половина час бидејќи се повреди Антони Марсијал.


Потегот за внесување на Роналдо во игра донесе резултат само 15 минути подоцна, кога Португалецот постигна гол за водство на Манчестер Јунајтед од 1-2, што на крајот се покажа како одлучувачки момент од мечот.

За Роналдо ова беше само прв гол оваа сезона во Премиер-лигата, а го прослави на поинаков начин од веќе традиционалниот, со скок со спуштени раце и познатото „сииуу“.

Роналдо го прослави голот со Антони, а многумина се прашуваат дали по постигнувањето на 700. гол во кариерата сега ќе има нова прослава на неговите голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови