
Кристијано Роналдо побарал помош од психологот Џордан Петерсон, Канаѓанец кој често важел за голем десничар. Португалецот пред две недели објави фотографија со Петерсон на Инстаграм, но не објасни зошто се заедно. Психологот накратко проговори за нивната средба во емисијата на Пирс Морган.
„Пред неколку месеци имаше некои проблеми во животот. Еден пријател му испратил некои од моите видеа. Тој рече дека ги гледал, потоа ја прочитал мојата книга за која мисли дека му помогнала, а потоа сакал и да разговараме. Дојдов и разговаравме околу два часа.
Ми ја покажа опремата што ја користи за да остане во топ форма, разговаравме за неговите компании… Главно за тоа што сака во иднина и за пречките со кои се соочува“, изјави Петерсон, кој не смее да дава повеќе детали.
Оваа сезона Роналдо на 37 години постигна еден гол на осум настапи за Манчестер Јунајтед. Тоа беше во Лига Европа против Шериф, додека во англиското првенство се уште се нема запишано меѓу стрелците.
Менаџерот Ерик Тен Хаг не го гледа како прва опција, а Роналдо во текот на летото се обиде да најде нов клуб, кој игра во Лигата на шампионите. Не успеа и остана во Јунајтед со кого има договор до летото 2023 година со опција за продолжување на уште една година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
