Португалскиот ас Кристијано Роналдо го убедил Диего Симеоне да го привлече во Атлетико Мадрид, објави шпанскиот весник „АС“ . Ѕвездата сака да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во клуб кој игра во Лигата на шампионите и има шанса да стигне до последната фаза од натпреварувањето, услови што ги исполнува Атлетико Мадрид.
Менаџерот на играчот, Жорге Мендеш, веќе неколку недели го нуди на дел од најголемите европски клубови, но Баерн Минхен и Челси ја одбија можноста да го доведат.
На крајот Роналдо лично разговарал со Диего Симеоне, информира „АС“, и успеал да го убеди дека со него во тимот „јорганџиите“ имаат многу поголеми шанси за успех во Ла Лига и во ЛП. Во последната сезона стигнаа до четвртфиналето на ЛШ, каде што беа елиминирани од Манчестер Сити.
Португалецот се уште не се приклучил на летната турнеја на „црвените ѓаволи“ и печатот продолжува да шпекулира дека тоа е токму поради желбата на играчот да ја промени клупската припадност. Тој е поранешен играч на Реал Мадрид каде во периодот од 2009 до 2018 година постигна 311 гола на 292 натпревари и ќе биде многу интересно доколку се врати во Мадрид, но во тимот на Атлетико.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













