Connect with us

Роналдо го реновираше теренот каде почна да игра фудбал

Португалскиот ас Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед каде ќе се обиде да ги нападне трофеите со клубот оваа сезона. Но, никогаш не заборава од каде дошол и каде ги направил првите фудбалски чекори.

Роналдо на својот Инстаграм објави дека, во соработка со Најк, го реновираше фудбалскиот терен каде што израсна и каде ги постигна своите први голови. Игралиштето се наоѓа во Фуншал, неговиот роден град, и на овој начин Роналдо, како што напиша во објавата, го враќа долгот кон заедницата што му даде многу во младоста.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови