Connect with us

Роналдо го раскинал кумството со Жорге Мендеш: „Однеси ме во Челси или во Баерн, или ние сме завршиле!“

Кристијано Роналдо и Жорге Мендеш неодамна ја прекинаа повеќедецениската соработка, но и пријателството. Шпанскиот весник „Ел Мундо“ денеска ја откри целосната позадина на приказната.
Роналдо летово му постави ултиматум на Мендеш кој гласел: „Однеси ме во Челси или во Баерн Минхен, или ние сме завршиле!“


Португалецот одби да оди на тренинзите на Јунајтед, незадоволен и подготвен да си замине, а се појавија шпекулации за негов трансфер во Челси и во Баерн.

Но, и покрај тоа што Жорге Мендеш има „волшебно стапче“ и на којзнае каков начин се обидува да ги убеди челниците на клубот во разни финансиски комбинации, клубовите не го сакаа Роналдо во своите редови.

Ниту Оливер Кан, како алфа и омега на Баерн, ниту Томас Тухел, кој сепак го имаше главниот збор во тие моменти, не го сакаа Роналдо бидејќи не се вклопуваше во нивниот систем.

Американецот Тод Боели, го сакаше Роналдо, веројатно чисто од маркетиншки побуди, но на крајот Тухел го постигна својот пат.

Баерн Минхен е посебна приказна за начинот на кој функционира и цел свет знае дека не постојат услови под кои баварците би му дозволиле на Роналдо да им ја наруши целосната хиерархија.

Но и покрај сето тоа Роналдо реши да се раздели со Мендеш.

Популарниот суперагент и најмоќниот во светот на фудбалот се спротивстави на многу одлуки на Роналдо, од кои првата беше во 2018 година кога и тој реши да го напушти Мадрид поради своето его.

Мендеш исто така беше категорично против идејата Роналдо да му го даде познатото интервју на Пирс Морган, кое му донесе најголема штета и раскинување на договорот со Јунајтед, за – да замине во Ал-Наср?!

Уште по раскинувањето на договорот на Роналдо, Мендеш стапил во контакт со Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд за да му овозможи на Роналдо да игра во Лигата на шампионите, но клубовите одбиле да го доведат и после тоа дошло до целосен раздор меѓу двајцата, тврди „Ел Мундо“.

„Точката на прекршување не значеше само едноставно прекинување на деловната соработка на хартија, туку нешто многу повеќе – семеен однос, нешто како однос татко – син, па дури потоа деловна соработка. Мендеш е кум на детето на Роналдо, а мајката на Роналдо, Дона Долорес, секогаш покажуваше колку го почитува и сака Мендеш“, пишува овој медиум.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови