Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо по 19 дена конечно е негативен на коронавирусот. Тој денеска добил негативен ПЦР-тест и може да излезе од изолација, потврди клубот Јувентус. Најверојатно нема да биде во составот овој викенд, но потоа би можел да се вклучи и во натпреварувачки ритам.
Роналдо покажа позитивни симптоми на Covid-19 по мечот меѓу Франција и Португалија во Париз, веднаш замина во изолација, а доби критики затоа што со карантин-авион беше префрлен во Торино. Го пропушти дуелот со Меси и Барселона во Лигата на шампионите, но сега конечно може да им се врати на тренинзите и на натпреварите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













