
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, смета дека Арсенал нема да ја освои титулата во Англија. Ова го истакна пред боксерската пресметка меѓу Тајсон Фјури и Олександр Усик, на која присуствуваше и Португалецот.
Тој разговараше со промоторот Френк Ворен, кој е тврдокорен поддржувач на „топчиите“.
Дискусијата меѓу двајцата беше фатена на камера, а Ворен му рече на Роналдо:
„Сè уште те чекаме во Арсенал“.
Ова доведе до насмевка на португалската ѕвезда и зборовите: „Нема да го освојат првенството“.
Кристијано Роналдо беше дел од Манчестер Јунајтед во два периоди од својата фудбалска кариера, освојувајќи шампионски трофеи – во 2007, 2008 и 2009 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
