Connect with us

Ромарио ги признава само Пеле и Марадона за подобри од него во историјата

Легендарниот бразилски репрезентативец и голгетер на Васко де Гама, ПСВ Ајндховен и на Барселона, Ромарио, во кратко интервју изјави дека признава само двајца фудбалери во историјата кои се подобри од него. Станува збор за Пеле и Диего Марадона.


Според Ромарио, имиња како Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Роналдо Назарио и Роналдињо се на исто ниво со него. Меѓу наведените играчи беа и Нејмар, Бебето, Адријано, Луис Суарез, Ривалдо, Халанд, Мбапе и Зико, но Ромарио е убеден дека е подобар од кој било од нив.

Ромарио го освои Светското првенство со Бразил во 1994 година, а во кариерата играше и за Флуминенсе, Валенсија, Фламенго, Ал-Сад, Аделаида и за Клуб Америка.

За репрезентацијата на Бразил тој постигна 55 гола на 70 натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови