Connect with us

„Романтичарите“ ги објавија тестовите: Напредак Крушевац, Македонија ЃП, Тиквеш, Академија Пандев…

Македонскиот прволигаш Работнички стартува со пријателските натпревари. „Романтичарите“ утре (17 часот) во Пехчево ќе ја отворат серијата тестови во текот на летните подготовки, а прв ривал ќе им биде српскиот тим Напредак Крушевац. Потоа избраниците на Александар Влахо на секои три или четири дена ќе имаат нов тест.

В сабота Работнички ќе одигра пријателски меч со Македонија ЃП во Ѓорче Петров, на 7 јули противник ќе биде Тиквеш, а три дена подоцна „романтичарите“ ќе тестираат против Академија Пандев.

На 16 јули Работнички ќе замине на подготовки во Охрид, каде засега се закажани три пријателски натпревари, против Ренова, Охрид и против албанскиот тим Игнатиа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови