
Владата на Романија донесе одлука за одобрување на 50% од капацитетот за присуство на навивачи на Националната арена во Букурешт за натпреварите од Европското првенство. Но, засега УЕФА се уште не оди на тој чекор.
Според информациите од ФФМ, а по контактите со УЕФА, засега се останува на првично одредената бројка од 33% исполнетост на стадионот.
„Информација од УЕФА по прашањето за зголемување на капацитетот на стадионот во Букурешт: Во моментот УЕФА останува на првично одредената бројка од 33% исполнетост на стадионот во Букурешт. Информациите од УЕФА ќе ги споделиме веднаш доколку има промена во однос на тоа прашање. До овој момент останува првичната бројка“, информираат од ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal