Романскиот репрезентативец Валентин Михаила по првите две кола е најбрзиот фудбалер на Европското првенство, објави УЕФА. Тој успеал да развие брзина од 35,8 км/час.
Михаила е играч на Парма. Тој влезе како замена во првиот натпревар на Романија на финалето против Украина, а потоа беше стартер против Белгија.
На втората позиција меѓу најбрзите се наоѓа друг претставник на италијанскиот фудбал, Дан Ндое од Швајцарија, кој е фудбалер на Болоња. Напаѓачот достигнал брзина од 35,6 км/час.
Зад него е Данецот Расмус Хојлунд, напаѓачот на Манчестер јунајтед, со брзина од 35,5 км/час.
Интересно е дека Килијан Мбапе е дури на седмата позиција, но тој играше само на првиот натпревар за Французите на овој шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













