
Поразот од Елфсборг (0-1) во Лига Европа беше прв за Рома под водство на Иван Јуриќ. Претходно, „волчицата“ имаше две победи и едно реми со новиот тренер, но синоќа потклекна во Шведска.
„Видов многу позитивни моменти во нашата игра. Не се согласувам дека игравме слабо. Создадовме неколку шанси, но треба да бидеме попрецизни во завршницата. Би сакал да бидеме поагресивни при контранападите“, изјави Јуриќ.
Елфсборг ја надмудри Рома со гол постигнат од пенал.
„Вложивме многу труд, но во последната третина не ги носевме најдобрите одлуки. Резултатот е негативен, но тоа не значи дека сè во нашата игра беше лошо“, рече хрватскиот стратег.
„Мораме да се фокусираме на следниот натпревар. Ни недостигаат одредени детали, но генерално се движиме во вистинската насока“, додаде тренерот на „џалоросите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
