
Минатогодишниот финалист во Лига Европа, тимот на Рома, сака да го задржи Даниеле Де Роси на тренерската позиција со двегодишен договор, пренесува „Скај Спортс“. Првиот договор на стратегот во клубот беше на шест месеци откако тој го замени Жозе Мурињо во јануари.
Рома беше деветтопласирана на табелата во моментот на смената на тренерот, но тимот има само еден пораз под водство на Де Роси, и тоа од лидерот Интер. „Волчицата“ моментно е петторангирана на табелата и на само три бода од зоната која води во Лигата на шампионите.
Најголемиот успех на Де Роси беше нагласената победа од 4-0 против Брајтон во Лига Европа во четвртокот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
